Loading Video...
Фудбал
27. July 2020 - 10:26

Јувентус е старо-нов шампион на Италија

Екипата на Јувентус е старо-новиот фудбалски шампион на Италија
 
Со головите на Кристијано Роналдо во финишот на првото полувреме, односно Федерико Бернардески во второто полувреме екипата на Јувентус ја победи Сампдорија со 2:0 во последниот натпревар од 36-тото коло на италијанската Серија А. 
 
Со трите освоени бодови Јувентус на две кола до крајот има недостижни седум бодови повеќе од второ пласираниот Интер, па фудбалерите на полуларната „Стара дама“ имаа можност да ја прослават шампионската титула. 
 
За Јувентус ова е девети трофеј првак на Италија во низа, а вкупно 36-ти во историјата на клубот. 
 
Јуве треба да одигра уште два натпревари во Серија А, со Каљари на гости и Рома на домашен терен, сепак сега тимот ќе може комплетно да се фокусира и насочи кон рестартот на Лигата на шампионите, во која треба да го одигра реванш осминафиналниот дуел против Олимпик Лион од кого го загуби првиот натпревар со 1:0.