Loading Video...
Фудбал
16. January 2020 - 16:46

Јуве лесно преку Удине до четвртфиналето во „Копа Италија“

Аргентинскиот тандем Дибала – Игуаин, потпомогнат со Бразилецот, Даглас Коста лесно и убедливо стигна до победа со 4-0 во осминафиналниот меч од Купот на Италија против Удине за кој целиот меч го одигра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски. 
 
Дибала беше асистент на првиот гол го постигна Игуаин, по што самиот постигна два, а последниот беше дело на Бразилецот од пенал. 
 
Сега Јувентус кој во ова натпреварување има 13 трофеи ќе го чека исходот по вечерашниот меч меѓу Парма и Рома за да го дознае противникот за  четвртфиналниот дуел закажа за 22 јануари.
 
Во останатите три натпревари ќе играат: Наполи – Лацио (21 јануари), Торино – Милан (28 јануари) и Интер – Фиорентина (29 јануари).