Loading Video...
Фудбал
12. јуни 2020 - 14:12
Јуве и Милан на рестартот на италијанскиот фудбал
Со големо дерби во кое Јувентус ќе го пречекува Милан вечерва ќе биде рестартуван италијанскиот фудбал.
Натпреварот во Торино, практично е реванш дуел од полуфиналната рунда во „Копа Италија“, во кој ќе се влезе со резултатот од првата средба одиграна на „Сан Сиро“ која заврши без победник 1-1.
Според најавите на италијанските медиуми, вечерашниот натпревар ќе го пропуштат двете големи ѕвезди, Игуаин кој ќе го нема во составот на Јуве, односно Ибрахимовиќ кој ќе ми недостасува на Милан.
Вечерашниот дуел меѓу Јувентус и Милан ќе започне од 21 часот, термин во кој утревечер својот реванш полуфинален дуел ќе го играат Наполи и Интер, меч во кој тимот не македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи, ќе влезе со предност од 1-0 остварена на првиот натпревар во Милано.
Дуелите од Купот на Италија практично се вовед во продолжението на сезоната Серија А, закажано за следниот викенд, а во меѓувреме на 17 јуни во среда ќе се одигра и финалето на купот.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->