Живот
7. December 2015 - 13:00

Јутјуб шега: Подметнале Библија во корици од Куран

Двојката Јутјуб шегобијци, познати под името „Дит ис нормал“, решиле да направат интересен социјален екпсеримент:

Тие завиткале Библија во корица на Куран и потоа делови од книгата им читале на случајни минувачи, забележувајќи ги нивните реакции.

Шегаџиите читале делови од Библијата кои говорат за смртни казни за хомосексуалните двојки, казнување на „непослушните“ жени, за правилата на положбата на жената во заедницата или за казни со отсекување рака, на што минувачите, без исклучок, биле шокирани од бруталноста. 

- Како некој во тоа може да верува, тие очигледно се такви, ако израснете под влијание на тоа јасно е дека ќе влијае на начин на кој ќе размислувате, се само некои од коментарите на „згрозените“ минувачи.

Но, шокот бил уште поголем кога им откривале дека во прашање е Библијате, а не Куранот.

На крајот дел од нив признале дека се по подложни на предрасуди, отколку што очекувале.