-->
-->
Јутјуб ја замрзна сметката на Трамп на неодредено време
-->
Компанијата Јутјуб го продолжи замрзнувањето на сметката на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на неодредено време.
За првпат, сметката на Трамп беше замрзната за една недела на 13 јануари. Компанијата тогаш соопшти дека неодамнешно видео на каналот на Трамп „поттикнува насилство“ и е отстрането.
„Поради загриженост за постојан потенцијал за насилство, каналот на Доналд Трамп ќе остане замрзнат“, објави Јутјуб.
Привременото замрзнување на сметката на Јутјуб значи дека претходно поставените видеа на Трамп ќе бидат достапни, но тој нема да може да објавува нови.
Покрај Трамп, компанијата презеде слични активности и против неговиот адвокат Руди Џулијани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За организирање прослава во затворен простор кривична пријава за 14 лица од беровско Двориште
-
Јовиќ среќен што се врати во Ајнтрахт
-
На ГП Евзони транспортерите сеуште влегуваат лимитирано
-
Филипче: Не е исклучена можноста од воведување рестриктивни мерки, ќе се знае идната недела
-
Најмалку 18 загинати во Египет, кога камион удрил во минибус
-
Уапсени двајца скопјани, кај нив пронајдена марихуана
-
Филипче: Руските вакцини утре ќе пристигнат во 14 часот
-
Затворен угостителски објект во Мала Речица, приведен сопственикот