Јутјуб го блокираше Трамп најмалку седум дена поради поттикнување насилство
Веб платформата Јутјуб соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по минатонеделниот упад во Конгресот на САД од страна на неговите приврзаници.
Јутјуб каналот на Трамп сега е оневозможен да поставува нови видео записи или стримови во живо најмалку седум дена, што може да биде и продолжено, се наведува во соопштението на Јутјуб.
Интернет платформите и компаниите за социјални медиуми се дистанцираат и преземаат мерки против оние кои поттикнувале или учествувале во минатонеделното насилство во Вашингтон.
Веднаш по инцидентот, Твитер и Фејсбук ги блокираа налозите на Трамп и ја отстранија целата содржина која го поддржува минатонеделниот напад, додека Амазон ја суспендираше социјалната мрежа Парлер, која моментно ја користат голем број приврзаници на Трамп.
Приврзаници на Трамп упаднаа на 6 јануари во американскиот Конгрес, обидувајќи се да ја спречат седницата за верификација на изборната победа на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. Трамп, кој ја оспори валидноста на победата на Бајден без да изнесе докази, на почетокот ги пофали своите приврзаници, но подоцна го осуди насилството.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија договорила набавка на 6,5 милиони вакцини, но не може сите да ги добие
-
Коалицијата Алијанса/Алтерантива ја напушти седницата за пратенички прашања
-
Јавниот долг на Хрватска се зголеми на 86,4 проценти од БДП
-
Филипче: Набавуваме најсофистицирана терапија за ковид пациенти
-
Кина бара да не се политизира потеклото на коронавирусот
-
Мисајловски: Имаме историски најниско рекордно ниво на корупција досега
-
На судењето за „организаторите на 27 април” сведочеа повеќе сведоци на одбраната
-
Арсовски: МВР на чело со Чулев го реши „Јавна соба“ за еден ден