Јутјуб го блокираше Трамп најмалку седум дена поради поттикнување насилство
Веб платформата Јутјуб соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по минатонеделниот упад во Конгресот на САД од страна на неговите приврзаници.
Јутјуб каналот на Трамп сега е оневозможен да поставува нови видео записи или стримови во живо најмалку седум дена, што може да биде и продолжено, се наведува во соопштението на Јутјуб.
Интернет платформите и компаниите за социјални медиуми се дистанцираат и преземаат мерки против оние кои поттикнувале или учествувале во минатонеделното насилство во Вашингтон.
Веднаш по инцидентот, Твитер и Фејсбук ги блокираа налозите на Трамп и ја отстранија целата содржина која го поддржува минатонеделниот напад, додека Амазон ја суспендираше социјалната мрежа Парлер, која моментно ја користат голем број приврзаници на Трамп.
Приврзаници на Трамп упаднаа на 6 јануари во американскиот Конгрес, обидувајќи се да ја спречат седницата за верификација на изборната победа на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден. Трамп, кој ја оспори валидноста на победата на Бајден без да изнесе докази, на почетокот ги пофали своите приврзаници, но подоцна го осуди насилството.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска