Јуришна група бродови на САД тргна кон Корејскиот Полуостров
Американската морнарица денеска соопшти дека испратила јуришна група бродови и носач на авиони кон Корејскиот Полуостров.
- Американската Пацифичка команда нареди јуришната група „Карл Винсон“ да тргне кон север, како предпазлива мерка со цел одржување на подготвеноста и присуство во западниот дел на Пацификот, изјави командант Дејв Бенам, портпарол на американската Пацифичка команда.
Таквиот чекор ќе ги зголеми тензиите во регионот, а уследи набрзо по американскиот ракетен напад врз сириска воена база, што експертите го оценија како предупредување до Пјонгјанг поради одбивањето да се откаже од нуклеарните амбиции.
- Северна Кореја и понатаму е закана број еден во тој регион поради својата безобзирна, неодговорна и дестабилизирачка програма на ракетно тестирање и стремежот кон нуклеарните вооружени капацитети, истакна командант Бенам
Јуришната група, чија првична задача беше за пристаништата во Австралија, тргна од Сингапур кон западен Пацифик.
Северна Кореја се обидува да развие ракета со голем дострел која може да погоди американска територија. Анализите на сателитските снимки укажуваат дека Пјонгјанг подготвува шеста нуклеарна проба. Американските разузнавачки служби предупредуваат дека на Северна Кореја и се потребни помалку од две години да развијат нуклеарна боева глава, која би можела да стигне до континенталниот дел на САД.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година