Балкан
17. February 2016 - 11:05

Јункер: Затворањето на грчките граници е незаконско и неприфатливо

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер е против идејата за затворање на грчките граници.

- Не е ниту законски, ниту е политички прифатливо Европската унија да соработува со трета земја за да ги затвори границите на една земја-членка, изјави Јункер за германскиот весник „Велт“. 

- Ние ја поддржуваме безбедноста на границите и на двете страни, но ќе успееме само доколку ја зајакнеме соработката, рече тој и додаде дека не е во ред да се става во опаснот Шенген зоната и слободата на движење на европските граѓани.

Јункер нагласи дека решение на проблемот со бегалците може да биде пронајдено само со заеднички напори, како што беше случај со должничката криза.

Тој ја спомна и германската канцеларка Ангела Меркел, нагласувајќи дека историјата ќе ја оправда за нејзиниот избор за справување со миграцискиот проблем, бидејќи спровела „долговида политика“.

Јункер оцени и дека Европа постигнала напредок во справувањето со бегалската криза. - Конечни гледаме некаков непредок, изјави Јункер, посочувајќи го како доказ за ваквото тврдење намалувањето на бројот на имигранти што од Турција прстигнуваат во Грција.