Јункер со критики за однесувањето на Турција во Егејското Море
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го критикуваше однесувањето на Турција по повод кризата со Грција што ескалираше во изминатите денови, јави НТВ.
Неговите изјави следуваат по тензични ситуации поради инцидент во реонот на острови за кои спорат Грција и Турција.
Брод на турската крајбрежна стража удри во брод на грчката погранична стража во реонот на двата острова познати под грчко име Имија и со турско име Кардак. Во 1996 година двете држави беа на раб на војна поради тие острови.
Јункер изјави денеска дека е „цврсто против однесувањето на Турција“.
Претседателот на ЕС, Доналд Туск ја повика Турција да ја почитува територијалната целост на Кипар откако турски воени бродови попречија сондажен брод на италијански енергетски гигант ЕНИ кои вршат анализи во реонот Блок 3 на кипарската економска зона, наведе телевизијата.
Туск побара Анкара да избегнува закани и акции против која било членка на Европската унија.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп