Свет
4. December 2017 - 17:21

Јункер: Се уште не е можно да се постигне целосен договор со Лондон

 Премиерот на Велика Британија, Тереза Мај, не успеа да се согласи за „целосен" договор за разговорите за напуштање на државата од ЕУ, по интензивните разговори во Брисел што се водат денеска, објави Фајненшал тајмс.

Говорејќи по разговорите со преговарачите на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рече: - И покрај нашите најдобри напори и значителни напори, денеска не беше возможно да се постигне целосен договор.

- Ова не е неуспех, ова е почеток на следната рунда, нагласи  Јункер, претседател на Европската комисија