Балкан
3. February 2016 - 20:12

Јункер: Се борев да се избегне Грексит, нема да дозволам Грција да излезе од Шенген

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека нема да дозволи излегување на Грција од Шенген, јавуваат грчки медиуми.

– Се борев да биде избегнато излегување на Грција од еврозоната, а сега нема да дозволам излегување на државата од Шенген, нагласи Јункер во Европскиот парламент.

Тој додаде дека треба да и се помогне на Грција за зачувување на нејзините граници, а не “да и се нафрламе со извршување обврски од Шенгенскиот договор“.

– Грција, сепак, треба да направи нешто повеќе за зачувување на своите граници, дополни Јункер.

Пред парламентарците укажа на голем број случаи на помош за бегалците од грчки граѓани како и за напорите на грчката крајбрежна стража.

ЕК и даде рок од три месеци на Атина да го реши проблемот со бегалците или во спротивен случај ќе биде времено замрзнато нејзиното членство во Шенген зоната.