Македонија
11. January 2019 - 16:22

Јункер повикува да заврши процесот, кандидатот за негов наследник против Договорот од Преспа

Претседателот на Европската Комисија од Букрешт ги повика  ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови. На прес конференцијата со романскиот престседател, Јункер, одговарајки на новинарско прашање, ја пофали  храбоста на Заев и Ципрас.

-Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив, изјави Јункер.

И  Меркел деенска од грчкиот пресетседател побара храброст и лидерство за конечна разврска на спорот, но не доби никаков коментар од негова страна

Ги констатираме храбрите напори од страна на Грција кон соседите во Западен Балкан, придонесот на Грција за да постои заеднички именител, конзистентност, и ова е поврзано со прашањето на Северна Македонија. Резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро и за Грција и за сите нас во Европа да постои важна разврска овде, но за тоа предуслов е еден многу храбар пристап, рече Меркел.

Средбата Меркел –Павлопулос  и буквално помина во атмосфера на изгубени во преводот.По десетминутното обракање на Павлопулос, кој од Германија побара отштета за Втората светска војна, Меркел се пожали дека ништо не разбира бидејки нема превод. 

Меркел денеска се сретна и со престедателот на опозиционата Нова демократија. Во брифинг пред германските медиуми, таа објасни дека на средбата со Мицотакис му објаснила зошто го поддружва преспанскиот догвор, а тој зошто се противи на истиот.  Поддршка за  ставот Мицотакис, неочекувано дојде од лидерот на европската анродна апртија  кој вчера во интервју го пофали догворот како решение за европската иоднина на Македдоија, за потоа да го повлече ова,

Целосно ја поддржувам чувствителноста на грчкиот народ во врска со прашањето за името на БЈРМ. Не дадов интервју на оваа тема. Го поддржувам ставот на Киријакос Мицотакис и силно верувам дека тој ќе ја поведе Грција кон стабилност и просперитет, спротивставувајќи му се на популизмот, изјави Вебер кој е и кандидат за нов престедател на Европската Комисија.