Свет
3. November 2016 - 13:58

Јункер ќе разговара со Тереза Меј за одлуката на Вишиот суд

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ќе разговара утре телефонски со премиерката на Велика Британија Тереза Меј за нејзиното барање Владата да одлучи за излегување на земјата до Европската унија. 

Откако Вишиот суд на Велика Британија денеска одлучи дека британскиот Парламент, а не Владата, треба да одлучи за почетокот на формалниот процес за излегување на земјата од ЕУ, портпаролот на ЕК на прес-конференција одби да го коментира тоа и додаде дека Јункер за тоа телефонски ќе разговара со Меј.

Британската Влада најави жалба на одлуката на Вишиот суд на Велика Британија, Парламентот да биде тој што ќе го одобри почетокот на формалното излегување на земјата од ЕУ.