Свет
16. February 2016 - 11:55

Јункер ја исклучува можноста Велика Британија да излезе од ЕУ

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ја исклучи можноста Велика Британија да излезе од ЕУ и рече дека комисијата нема „план Б“ по тоа прашање.

- Немаме план Б, имаме план А. Велика Британија ќе остане во ЕУ и ќе биде нејзина конструктивна и активна членка, рече Јункер, кој денеска разговараше во Брисел со британскиот премиер Дејвид Камерон.