Јункер иронично: За Британците би било добро јас да сум им премиер
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер иронично ја прокоментира нејасната позиција на Велика Британија за идните односи на Лондон со ЕУ, изјавувајќи дека за Велика Британија би било добро тој да и е премиер.
- Јас не сум британскиот премиер, би било убаво да бидам, но не сум, одговори Јункер на новинарско прашање за вчерашната седница на Владата на Тереза Меј на која требаше да се определи позицијата на Лондон за идните односи со Брисел.
Тој нагалси дека ќе ги коментира резултатите од состанокот на британската Влада, дути од кога ќе се запознае со точните заклучоци од неа.
- Што се однесува на британскиот Парламент и Владата, тие се оние кои треба да одговорат на новите прашања што се покренати во Велика Британија, рече Јункер.
Тој истакна дека „негова работна хипотеза е дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ во март 2019 година, како што е предвидено“.
Претходно, Даунинг стрит соопшти дека британската премиерка Тереза Мај ќе ја објасни својата замисла за партнерство со ЕУ по Брегзит на 2 март.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња