Јункер: Европската перспектива на Западен Балкан е прашање на војна или мир

Јункер за перспективата за членство на тие земји разговараше со словенечкиот претседател Борут Пахор.
– Ако тие земји не станат членки на ЕУ, ризикуваме враќање во 90-те. Мислам дека тоа е прашање на војна или мир, рече Јункер на заедничката прес-конференција.
Зборувајќи за европската перспектива за Западен Балкан, Пахор посебно се осврна на Босна и Херцеговина, кон која рече дека треба да се биде „суптилен“, што не значи дека треба да и се попушта по прашањето за исполнување на критериумите за европска интеграција.
Јункер, кој на прес-конференцијата се појави со фластер преку образот, рече дека сака да нагласи дека се исекол утрово додека се бричел, за да не се протолкува „дека тоа му го направила британската премиерка Тереза Меј“.
По состанокот со Пахор, Јункер имаше средба со британската премиерка.
Ново на Сител
-
Заев: Заложбите за нулта дискриминација, градење, еднакво, праведно и правично општество ги остваруваме и преку ново законско решение
-
Во Србија пристигнаа 58.500 вакцини на „Фајзер“ и 100.000 дози на „Спутник V“
-
Рама: Идентитетските прашања не треба да бидат дел од дневната политиката
-
Скопјанка и нејзините деца физички биле нападнати во Домот „Ранка Милановиќ“
-
Судењето на третообвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски продолжува на 24 март
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков во ЈО дошол со владин службен црн пасат?
-
7 починати и 234 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
Заев: Одвоивме 120 милиони денари за реконструкција на Универзална сала