Свет
13. September 2017 - 20:32

Јункер - До 2019 година ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ

До 2019 година ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ. Првиот човек на ЕК Жан Клод Јункер е оптимсит дека во наредните години унијата ќе има повеќе од 27 држави членки.

-  Доколку сакаме постабилно соседство мораме да понудиме кредибилна перспектива на проширување со земјите од  Западен Балкан. За време на мандадот  на ЕК и на ЕП нема да има нови проширувања, бидејќи условите за прием не се исполнети. Но во иднидна, ЕУ ќе има повеке од 27 членки. Кандидатите за членство ммораат да му дадат приориет на владеењњето на правото, судтсвото и основните права , порача Јункер.

Во годишното излагање за состојбата на Унијата во Европскиот парламенмт,  Јункер побара проширување на еврозоната со сите актулени земји членки на унијата, како и проширување на Шенген зоната.Тој нагласи и дека Европа станува се пообединети, и дека добива на економска сила по одлуката на Британија да излезе од блокот.