Македонија
18. October 2019 - 15:56

Јункер: Ако сакаме да бидеме почитувани мора да ги одржуваме ветувањата

 Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Евроската комисија Жан Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел.

На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето треба да се соочиме со сериозни критики.

– Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави Јункер.