Ракомет
1. August 2017 - 18:12

Јуниорките повторно убедливо поразени на ЕП во Словенија

 
 Јуниорската репрезентација на Македонија за ракометарки до 19 години го претрпе четвртиот пораз на Европскиот шампионат, што се одржува во Словенија. 
 
Нашите млади ракометарки попладнево се совладани од Шведска,повторно убедливо, со 40-15 полувреме 16-5. 
 
Ова беше првиот натпревар на црвено-жолтите во разигрувањето за пласман од 9-16 место и тоа во рамките на И1 групата во која денеска ќе се игра и средбата Романија – Хрватска. 
 
Следниот натпревар македонските јуниорки ќе го играат утре против селекцијата на Романија, во терминот од 13 часот.