Кошарка
1. August 2017 - 9:27

Јуниорите против Швајцарија во меч на Европското првенство

 
 
Младата јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра третиот натпревар во Б дивизијата на Европскиот шампионат за играчи до 18 години, што се одржува во Естонија. 
 
Македонија предводена од селекторот Ѓорѓи Кочов во првите три средби од Д групата досега оствари само една победа над Ирска, а загуби од Белгија и Данска. Доколку црвено-жолтите сакаат да ги сочуваат шансите за пласман на едно од првите две места кои водат во четвртфиналето, тие денеска ќе мораат да ја совладаат селекцијата на Швајцарија. 
 
Ова е натпревар од 4.коло во Д групата во која денеска се играат и средбите, Белгија – Данска и Естонија – Ирска. 
 
Табела: Естонија 6 бодови, Белгија 5, Швајцарија 4, Македонија 4, Данска 4 и Ирска 3.