Јуни потопол и повлажен во споредба со многугодишните просечни вредности
УХМР соопшти дека согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, јуни 2022 година се карактеризира како потопол од вообичаено и влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности.
Апсолутното температурно колебање беше 32 степена, додека месечното температурно колебање изнесуваше 10,2 степена и се движеше од 16 во Лазарополе до 26,2 во Гевгелија. Споредено со просечните јунски средно месечни температури, за триесетгодишен период (1981-2010), овогодинешната температура беше надпросечна за 1,7 степени на ниво на државата.
Средната максимална температура варираше од 21,3 степени во Лазарополе до 31,5 во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 23 јуни во Гевгелија и изнесуваше 37,7 степени. Средната минимална температура варираше од 8,8 во Лазарополе до 17,9 во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 19 јуни и изнесуваше 5,8 степени, наведува УХМР.
Според Управата, колебањето на месечната сума на врнежи во државата изнесуваше 100 милиметри и се движеше од 23,7 во Гевгелија до 123,1 милиметар во Маврово. Максималното дневно количество на врнежи од 90,3 милиметри беше регистрирано на 11 јуни во Маврово.
Споредено со јунската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи беше 14 милиметри или 29 отсто над просечната на ниво на држава.
Ново на Сител
-
Почина Гале Фиданоски, долгогодишен новинар и директор на Радио Гостивар
-
Кајчев: Ја заштитивме професионалната чест на историчарите од комисијата
-
Министерот Сали во посета на дебарската болница
-
Реакција на градоначалникот Пецаков за одлуката за неодружување на Охридскиот пливачки маратон
-
Курти: Одлуката за регистрациите на возилата е во согласност со Уставот на Косово
-
Ковачевски: Нова водоводна мрежа за Аџиевци, проект вреден околу 400.000 евра
-
Македонија во четврток и во петок во портокалова фаза, Владата со препораки за топлотниот бран
-
Од залутани куршуми повредено момче и оштетена шофершајбна