-->
-->
Јунајтед со контранапад против „Фудбал менаџер“
-->
Манчестер јунајтед ги тужат креаторите на популарната видео-игра „Фудбал менаџер“ за користење на името на 20-кратниот англиски шампион.
„Ѓаволите“ тврдат дека нивното име постојано се користи во играта бесправно и затоа поднеле тужба против „Сега паблишинг“ и „Спортс интерактив“, обвинувајќи ги дека ги користат заштитените симболи на клубот.
Од друга страна компјутерската компанија тврди дека легално ги користи името на Јунајтед во сите верзии на „Фудбал менаџер“ и претходникот „Чемпионшип менаџер“ од 1992 година без клубот да се жали и го обвинуваат Јунајтед дека се обидуваат да спречат легална конкуренција кај видео-игрите со тоа што не дозволуваат да се користи името.
Случајот засега е одложен на неопределено време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада