-->
-->
Јунајтед со контранапад против „Фудбал менаџер“
-->
Манчестер јунајтед ги тужат креаторите на популарната видео-игра „Фудбал менаџер“ за користење на името на 20-кратниот англиски шампион.
„Ѓаволите“ тврдат дека нивното име постојано се користи во играта бесправно и затоа поднеле тужба против „Сега паблишинг“ и „Спортс интерактив“, обвинувајќи ги дека ги користат заштитените симболи на клубот.
Од друга страна компјутерската компанија тврди дека легално ги користи името на Јунајтед во сите верзии на „Фудбал менаџер“ и претходникот „Чемпионшип менаџер“ од 1992 година без клубот да се жали и го обвинуваат Јунајтед дека се обидуваат да спречат легална конкуренција кај видео-игрите со тоа што не дозволуваат да се користи името.
Случајот засега е одложен на неопределено време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли една изборна единица?
-
Бугарски амбасадор во Грција за двојните аршини на Софија
-
Поминаа две недели, а детали за случајот „Мијалков“ се уште нема
-
Игор Спасов екстрадиран во Македонија - Попладнево донесен во Идризово
-
Тема на денот со Филипче: Кога ќе пристигнат вакцини и дали ќе следуваат рестрикции?
-
Започна изградбата на трибина на стадионот на Брегалница во Штип
-
Игор Спасов екстрадиран во Македонија - Попладнево донесен во Идризово
-
Двојно убиство во Скопје - Застрелани две момчиња во своето возило