Фудбал
20. December 2017 - 12:02

Јунајтед го руши трансфер рекордот

Се зголемува бројот на кандидатите во трката за Еден Азар. Последен во низата е Манчестер Јунајтед откако ѕвездата на Челзи ја одби последната понуда од клубот за продолжување на договорот на уште четири сезони за 300 000 фунти неделно.  Како што пренесуваат медиумите Жозе Мурињо е подготвен да направи нов рекорд трансфер на острофот со понудени 90 милиони фунти.  Со тоа доаѓаат проблеми за Реал кој го има Белгиецот на списокот за наредната година исто како и ПСЖ кој не жали пари да ги има најдобрите. 

Азар е во Челзи од 2012 година каде пристигна од Лил за 32 милиони фунти а во Челзи имаше одлична сезона токму во ерата на Мурињо во шампионската сезона 2014/15.