Македонија
28. January 2019 - 14:56

Југот повторно го разбранува Охридското Езеро

 Засилениот ветар од јужен правец го разбранува Охридското Езеро и повторно ги заплиска објектите изградени на крајбрежјето.

Водата од езерото, под налет на ветрот, повторно ја демонстрира силата на елементите и овојпат покажувајќи кој е оној што ги одредува границите на дозволеното.

Нивото на езерото, овојпат, е во рамките на пропишаните норми, така што не се очекуваат поголеми проблеми ниту последици, но останува на сила предупредувањето од природата дека самоволието, ниту импровизациите не се дозволени.