Џет-Сет
19. September 2018 - 14:17

„Југославија“ се сеќава на трагедијата: „Црвена јабука“ наместо на концерт на денешен ден замина во смртта

Популарниот сараевски бенд, „Црвена Јабука“, на самиот почеток по формирањето, пред цели три децении, доживеал тешки моменти кога во сообраќајна несреќа загубиле два члена.

На 18. септември 1986 година, додека возеле кон Мостар каде вечерта требало бендот да одржат концерт, загинале Дражен Ричл – Зијо, пејачот на групата и басистот Аљоша Буха.

-Публиката подолго време не знаела зошто е откажан концертот, но потоа слушнале гласини дека станува збор за сообраќајка, по што голем дел од оние кои беа пристигнати за концертот, се упатиле кон болницата во Мостар, раскажува за немилата случка Дражен Жериќ – Жера, триесет години подоцна.

-Во првото возило „Фиќо“ кое го возеше Златан Арсланагиќ со него беа Дражен Ричл и Аљоша Буха. Зад нив имаше уште две возила во кои патувавме сите кои бевме тргнати за концертот. Кратко откако минавме половина пат, Фиќото се занело, преминало на левата страна од патот и сударот со камион бил неизбежен. Ние воопшто не ни застанавме, бидејќи се брзавме за концертот, па не забележавме дека е нивната кола. Додека возевме кон Мостар се чудевме како успеале толку многу да ни побегнат за да не ги стигнеме. Потоа на стадионот во Мостар дознавме што се случило. Буха загинал на лице место, а Дражен им подлегна на повредите и почина на први октомври, се сеќава Жера на тешките мигови.