Бизнис
22. April 2018 - 17:29

Југохром нема да почне со производство во предвидените рокови

Југохром нема да почне да работи во предвидените рокови. Иако првично се најавуваше дека комбинатото ќе стартува најдоцна до април годинава , тоа нема да се случи. Фабриката  доцни со изградбата на пречестителните станици и поставувањето на еколошките филтри. Од надлежното министертво посочуваат дека без тоа комбинатот не може да продолжи со работа. Законската обврска не е исполнета и затоа не може да се дададат конкретни рокови кога може да се очекува со стартување. Од менаџментот пак велат дека тоа ќе се случи од  септември.

Од менаџментот посочија дека се работи на проблемот.

До крајот на јуни ќе биде завршена монтажата на челичната конструкција. Потоа следува инкорпорирање на вентилите, фибер вреќите и другите делови . Стартувањето на пелките 7 и 8 се очекува да биде од септември  годинава, се вели во дописот од менаџментот на компанијата.

Југохром не работи од ноември 2016 година. Поради истекувањето на роковите за поставување на филтрите министертвотот за животна средина одлучи да го затвори комбинатот.