Македонија
11. August 2016 - 15:09

Југохром донираше 600.000 денари за настраданите од поплавите

Фабриката „Југохром Фероалојс“ од Јегуновце донираше 600.000 денари помош за семејствата на настраданите во поплавите што го зафатија скопскиот регион.

- Mенаџерскиот тим на Југохром и покрај тешката ситуација во која се наоѓа комбинатот, имаше разбирање за катастрофалните последици од поплавите и штетите настанати од нив. Сочувствува со семејствата на настраданите и со својот скромен придонес сака да ги ублажи болките и штетите од природната катастрофа која и се случи на овој регион, изјави Васко Скендеровски, генерален директор на Југохром.