Јубилеен 50. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура
Во Охрид денеска ќе биде отворен јубилејниот 50. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и 44. Меѓународна научна конференција, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Како што информираат организаторите, овие две важни меѓународни манифестации одиграа голема улога во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ целиот свет.
На Меѓународниот семинар досега учествувале над 4.000 учесници од над 50 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик низ лекторатите во светот.
Семинарот, се наведува, својата стручно-научна дејност на подрачјето на македонистиката ја започнал скромно, а до денес непрекинато се развива и израсна во афирмирана наставна, научна и културна институција единствена од ваков вид во Македонија и стана ценет славистички центар.
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и Меѓународна научна конференција ќе се одржува до 2 јули во Конгресниот центар во Охрид на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина