Јубилеен 45. Фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
НУ Центар за култура-Битола со посебна програма и атрактивни содржини ќе го одбележи јубилејот 45. години на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
На денешната предфестивалска прес-конференција, директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски соопшти дека најстариот фестивал во градот, годинава е подигнат на уште повисоко ниво и ќе се реализира во пет програмски дена на кои од утре до 1-ви август ќе се претстават околу 1.000 учесници, фолклористи и културни работници од државата и странство.
- Пред нас се богати фестивалски денови, вистински континуитет на 45 годишна традиција на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“. Очекуваме многу гости кои ќе следат квалитетна програма во која ќе бидат презентирани песната, играта и обичаите од Македонија, бидејќи овој фествал е чувар на македонската традиција, но исто така ќе се види и дел од светското културно наследство кое ќе го презентираат гостите од странство, посочи Димитровски.
Фестивалот почнува утре со отворање изложба на детски творби по повод јубилејот 40 години на државната изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, а свечено ќе биде отворен на 29 јули со традиционалното оро „Комитско“ кое КУД „Илинден“-Битола ќе го изведе на летната сцена на ракометното игралиште.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола.
Ново на Сител
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер
-
Мицкоски очекува со „Новогодишната кошничка“ да се заштити семејниот буџет
-
Македонија го дозна својот пат до Светското фудбалско првенство 2026
-
Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во ноември, раст од 29,9 отсто во однос на октомври
-
Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Северна Македонија
-
Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на пензионери, тема на седницата на Извршниот одбор
-
Приведен кадец во Струмица