Македонија
21. January 2019 - 10:43

ЈСП- Скопје со ново соопштение до граѓаните

Автобусите од јавниот превоз од денеска ќе сообраќаат по вобичаениот зимски возен ред независно од продолжувањето на училишниот зимски распуст.

Како што информира ЈСП изминативе три недели поради зимскиот распуст возниот ред беше редуциран.

Согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, јавниот превоз ќе биде бесплатен и денеска.

За прекин на важност на одлуката, од ЈСП- Скопје дополнително ќе известат.