Македонија
17. July 2015 - 14:59

ЈСП „Скопје“ со неделен возен ред

По повод исламскиот празник Рамазан Бајрам, денеска автобусите на ЈСП „Скопје“ ќе сообраќаат по неделен возен ред. 

Од 11 јуни годинава ЈСП „Скопје“ работи по летен возен ред, кој може да се погледне на веб-страната на претпријатието. 

Промена е направена и на туристичката линија City Tour, која ќе ги има поаѓањата во 11 и 17 часот од Порта „Македонија“.