ЈСП „Скопје“ демантира: Нема натепани патници од страна на возачи и контролори
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска преку соопштение ги демантира зачестените објави во медиумите за натепани патници од страна на возачи и контролори. Сите објави се базирани исклучиво на информации од МВР каде случаите биле пријавени и на чие расветлување се работи, без притоа ниту еден медиум да побара изјава/објаснување од ЈСП „Скопје“.
– Последните два примера во изминативе десетина дена во кои наводно возач, односно контролори натепале патник, не соодвествуваат со вистината. Тоа го докажуваат исказите на инволвираните страни во Внатрешната контрола на ЈСП „Скопје“, а извесно е дека тоа ќе се докаже и по целосно расветлување на случаите од страна на МВР, појаснуваат од ЈСП „Скопје“.
Според ЈСП „Скопје“, последните два примера во изминативе десетина дена во кои наводно возач, односно контролори натепале патник, не соодвествуваат со вистината. Тоа, како што се наведува, го докажуваат исказите на инволвираните страни во Внатрешната контрола на ЈСП „Скопје“, а извесно е дека тоа ќе се докаже и по целосно расветлување на случаите од страна на МВР.
За случајот од 14 февруари годинава, во кој патник пријавил оти на линијата 19 бил натепан од страна на контролори бидејќи не поседувал билет, од ЈСП „Скопје“ велат дека контролорите воопшто не примениле сила. Напротив, како што се наведува, патникот давал отпор и физички се обидел да посегне по контролорите, но во меѓувреме стигнала екипа на МВР и го презела случајот.
Во случајот од 7 февруари годинава во кој патник пријавил дека бил натепан од возач на линија 33, според ЈСП „Скопје“ не станува збор за напад и додаваат дека возачот не применил сила, туку имало само вербална расправија.
– За сите инциденти во јавниот превоз информирана е и нашата Внатрешна контрола и сите случаи се регистрирани така што медиумите во секое време можат да добијат навремена и комплетна информација за било кој пријавен инцидент, велат од ЈСП „Скопје“.
Од претпријатието потсетуваат дека контролорите и возачите не смеат да употребат физичка сила, а исклучок се ситуации кога станува збор за самоодбрана.
Во изминатиот месец извршена е 31 контрола на пријавени недоразбирања (инциденти) меѓу контролори и патници. Утврдено е дека во 11 ситуации биле виновни контролорите и против нив се покренати дисциплински постапки. Останатите 20 случаи, пак, завршиле со помирување на двете страни, при што патниците признале дека се виновни за предизвикување на инцидентот.
Од ЈСП „Скопје“ апелираат патниците уредно да се валидираат при користење на јавниот превоз. Укажуваат дека и понатаму соодветно ќе бидат санкционирани сите злоупотреби на картичките „Скопска“ (зачестено возење на лица со туѓа персонализирана картичка).
Линиската контрола во јануари годинава има издадено 1.075 казнени билети од кои речиси 50 се заради злоупотреба на „Скопска“.
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти