ЈСП: Јавниот превоз утре од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред
ЈСП соопшти дека утре (17 април) јавниот превоз ќе сообраќа во две смени, од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, но, по неделен возен ред.
Пример за преглед, согласно неделен возен ред, линијата 5 почнува да сообраќа од 5.10 ч, па се реализираат сите термини се до последниот термин во 9 часот, односно 5.35 часот, 6 ч., 6.25 ч., 6.43 ч., 7.01 ч., 7.19 ч., 7.37 ч., 7.55 ч., 8.13 ч. и 8.31 ч., па продолжува 12.43 ч., како прв наведен термин од 13 ч., па 13.01 ч., 13.19 ч., 13.37 ч., 13.55 ч., 14.13 ч., 14.31 ч., 14.49 ч., и последен наведен пред 16 часот, 15.07 часот.
Дежурни утре ќе бидат две билетарници и еден центар за персонализација. Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и во Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар.
Услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто трафики и маркети, дел од секундарната продажна мрежа на ЈСП Скопје
Согласно одлуката на Владата за забрана на движење на сите граѓани во период од 16 часот во петок, па до 5 часот во вторник (21 април), јавниот превоз нема да функционира. Во истиот период затворени ќе бидат сите билетарници и центри за персонализација на ЈСП Скопје, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право