Македонија
19. February 2021 - 13:40

ЈСП: Изменет режим на сообраќање на повеќе линии на булевар „Александар Македонски“ и улица „Интернационални бригади“

Ве информираме дека денеска, петок (19.02.2021 год) во период од 14 до 17 часот, поради најавениот протест и блокада на крстосницата на булевар „Александар Македонски“ со улица „Интернационални бригади“, возилата од линиите кои сообраќаат во посочениот реон ќе бидат пренасочени.

По изменета траса од вообичаената ќе возат:

Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.

Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.

Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург.

Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.

Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид.

Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.

Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 55В, 62, 63, 65, 65Б, 66, 66А и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар.

Посожениот режим ќе важи и во обратна насока на сообраќање.

ЈСП Скопје