Македонија
22. August 2017 - 14:03

ЈП „Паркови и зеленило“ ќе сечат дрвја во општина Центар

Екипите од Одделението за дрвореди на ЈП „Паркови и зеленило“ утре ќе сечат две дрвја на улицата „Мајаковски“ во Дебар Маало, а задутре во кругот на гимназијата „Јосип Броз Тито“.

ЈП „Паркови и зеленило“ информира дека постапуваат по решенија за сечење издадени од страна на Секторот за комунални работи на Град Скопје.