ЈП МЖ Инфраструктура со осуда за штрајкот во МЖ Транспорт
Јавното претпријатие Македонски Железници – Инфраструктура денеска преку соопштение го осуди штрајкот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт.
- Во цела оваа ситуација МЖ-Инфраструктура и МЖ Транспорт се заложници на една група работници - машиновозачи, бидејќи не постои друг оператор кој врши превоз на патници и стока, и поради тоа и двете компании, а посебно ЈП МЖ-Инфраструктура трпи огромни дневни загуби, бидејќи компаниите нивниот транспорт го пренасочуваат кон трети земји, односно превозот на нивните производи го вршат на друг начин, се вели во соопштението.
ЈП МЖ Инфраструктура од новата Влада бара да се вратат законските можности со кои беше дозволеа либерализација на пазарот на железнички услуги. Од МЖ Инфраструктура смеатат дека проблемите во железничкиот систем настанале со измените на Законот за железнички систем во ноември 2011 година, со кој, стои во соопштението, спротивно на ЕУ директивите 2001/14 и 2012/34 се забрани либерализација на пазарот.
- Оваа новонастаната ситуација и овозможи на МЖ Транспорт позиција на монопол. Со тоа на одредена група работници – моторовозачи им даде можност да го држат во заложништво целиот железнички систем. Како резултат на оваа погрешна политика искористеноста на капацитетот на железничката инфраструктура не е повеќе од пет до седум проценти, иако ЈП Македонски Железници Инфраструктура е подготвена во целост да ги задоволи потребите на многу повеќе оператори. Измените на овој Закон придонесоа загубите на двете компании да се зголемат, а посебно на ЈП МЖ Инфраструктура, стои во соопштението.
ЈП Македонски Железници Инфраструктура наведува и дека со либерализацијата на пазарот во железничкиот сообраќај ќе ги зголеми финансиските средства од наплата на надомест за користењето на железничката инфраструктура.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак