Македонија
14. November 2020 - 8:59

ЈП Лајка работи, а Скопјани и натаму се искасани од бездомни кучиња

Јавното претпријатие Лајка почна со работа пред еден месец и досега заловиле 23 бездомни кучиња, во општините Аеродром, Центар и Гази Баба. Сите се заловени по претходна пријава од граѓани во акција на шинтерската служба последните 9 дена. Дел од нив веќе се стерилизирани и подготвени за вдомување, вели директорката Тина Петрушевска, која не сака да се појави пред медиумите.

Но, темпото со кое работи Лајка ни од далеку не им гарантира безбедност на скопјани. Само во првите 10 месеци од годинава, во Скопје, 564 граѓани пријавиле дека биле каснати од бездомно куче, - покажуваат последите податоци на Министерството за внатрешни работи.

Активистите за заштита на животните реагираат дека ниту овој стационар, кој го замени Вардариште нема да ги спаси кучињата скитници од улица.

Велковска вели и дека освен неодговорните соственици, виновни се и надлежните кои иако ги заловуваат, не ги стерилизираат и кастираат кучињата.

Инаку во Скопје има регистрирано околу 2000 бездомни кучиња.