Македонија
31. January 2019 - 11:50

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира за совесно одлагање на кабастиот отпад

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека кабастиот отпад, во што спаѓа стариот мебел, електронските и електричните апарати, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот, без плаќање на паричен надомес.

Доколку имаат потреба за користење на специјални возила за транспорт, оваа услуга може да ја побараат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33.

Од  ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје потсетуваат дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината.