Македонија
15. August 2022 - 12:44

ЈП Исар од Штип тоне во долгови поради неисплатени кредити

За кредит од 164 милиони денари, подигнат пред 20 години,  ЈП „Исар“ освен за главниот долг, поради нередовно сервисирање на обврските, на име камата е задолжено за дополнитeлни околу 150 милиони денари. Советниците од власта вината ја лоцираат во сега опозициската СДСМ, зашто кога градоначалници и директори на претпријатието биле од нивните редови, долгот не бил враќан. Претходно, шестмесечна рата изнесувала 7 милиони, а сега месечно претпријатието враќа по 3,7 милиони денари.
 
Ако е 3,7 милиони денари, ќе видете дека секое домаќинство дава плус 100 или 150 денари од буџетот на општина Штип или од јавното претпријатие, нели ние плаќаме даноци и даваме плус пари за да вратиме некаков долг, кој што вашата „кадарна“ локална самоуправа и менаџментот на јавното претпријатие не успеале да го вратат во претходниот период-изјави Душко Иванов,координатор на СГ-ВМРО-ДПМНЕ-Штип 
До промената на власта во 2021 година не е вратен ниту денар.
2018 година веќе вкупниот долг по главница е 69 милиони денари и за период од 3 години не е исплатена ниту една доспеана обрска- изјави Трајче Здравков,директор на ЈП„ИСАР“-Штип 
 
Поранешниот директор пак тврди дека, за наведениот период имало мораториум во исплатата.
Имаше склучено договор, Советот со Министерството за финансии, така што немавме обврска да плаќаме. Ова е најнеповолниот кредит во историјата на државата-изјави Здравко Коцев,поранешен директор на ЈП„ИСАР“-Штип 
Во меѓувреме вратени се 22 милиони денари, а целосно ќе биде исплатен во 2026-та година.