ЈП „Државни патишта“ за шест месеци од патарини собрале 55 милиони денари повеќе од лани
Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во првото полугодие од 2018 година остварило зголемен приход од патарини за 55 милиони денари или 5,3 проценти повеќе во споредба со истиот период од 2017 година.
Како што информира директорот на ЈП „Државни патишта“,м Зоран Китанов, на прес-конференцијата во Владата, тоа се должи на зголемениот интензитет на сообраќајот и подобрата организираност на патарините.
- За десетина дена очекувам да почне да функционира електронската наплата на патарините и тоа во прво време на Коридорот 10. Во моментов подготвени се патарините кај Романовце, Сопот и Отовица. Се прават напори и за патарината кај Кавадарци, но со надградување на постоечкиот софтвер. Од септември ќе се работи и на патарините на Коридорот 8, рече Китанов.
Китанов информира и дека ЈП за државни патишта во вториот квартал од годинава има остварено инвестиции во вкупен износ од околу 2,2 милиони денари, односно 36 милиони евра што е за 9,8 милиони евра повеќе во споредба со истиот период лани, односно зголемувањето е за 37 проценти.
Инаку, со околу 20 милиони евра буџетски средства и со средства на ЈПДП, нагласи дека веќе се работи на рехабилитација на регионални патишта во должина од 230 километри.
- Со 86 милиони евра средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој се планира рехабилитација на 26 патни правци во должина од 422 километри. Со 14 милиони евра од Светска банка се работи на рехабилитација на 13 патни правци во должина од околу 150 километри. Дел од проектите ќе бидат завршени оваа година, дел ќе бидат започнати, но еден дел се очекува да бидат комплетирани во различни временски интервали следните неколку години, рече Китанов.
Инаку, како што претходно објави Владата, само за оваа година обезбедени се вкупно 270 милиони евра за изградба на нови патни правци, за комплетирање на започнатите инфраструктурни проекти и автопати, како и за реконструкција, рехабилитација и заштита на регионални патишта, а во план е со овие средства да се работи на повеќе од 60 патни правци во земјава во должина од 800 километри.
Запрашан во врска со тоа колку дополнителни средства ќе бидат потребни за целосна реализација на патот Кичево – Охрид, Китанов рече дека во моментов нема точна сума, но преговорите се во тек и очекува таа да биде позната за десеттина дена.
Ново на Сител
-
Проблемот со вакцините е дека нема толку производство колку што има побарувачка, вели Шекеринска
-
Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО
-
Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, побрзо се шири, но нема простор за паника
-
Шекеринска: Нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели
-
Мицкоски: Власта на Заев е без компас, има па нема британски сој на Ковид
-
Николоски: Следната недела стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за укинување на штетниот закон за попис
-
Ковачки: Шекеринска призна дека згрешила и заради тоа немаме воен претставник во НАТО, време е за оставка
-
Забрана за движење на товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка