Јовиќ сака трансфер во Јунајтед
Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ сака кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Според „Мирор“, Србинот веќе ги информирал двата клуба за својата желба, а неговата иднина ќе биде решена во четврток.
Реал минатото лето плати на Ајнтрахт (Франкфурт) 60 милиони за Јовиќ, но кариерата на Србинот на „Сантијаго Бернабеу“ во моментов не оди како што треба и тој постигна само два гола минатата сезона.
Се вели дека „белите“ сакаат да го испратат на позајмица во друг клуб, а не трајно да се разделуваат од него. Интер и Рома се заинтересирани за Јовиќ, но самиот играч сака да се пресели на „Олд Трафорд“.
Единсон Кавани и Усман Дембеле се другите двајца напаѓачи поврзани со Манчестер Јунајтед.
Вчера Јунајтед упати втора понуда за Џејден Санчо, која беше одбиена.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти