Македонија
10. September 2019 - 17:20

Јовески за Сител: Судбината на предметите зависна и од донесувањето на законот за ЈО

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но како таа постапка ќе се спроведе зависи и од донесувањето на законот за јавно обвинителство.
 
-Обвинителството се подготвува за преземање на предметите, но до колку се донесе Законот за јавното обвинителство, ке се постапи по одредбите со кои тие прашања се регулираат, вели за Сител Обвинителот Љубомир Јовески.
 
Попладнево од Државното обвинителство за Сител информираат дека до СЈО  го испратиле дописот за превземање на предметите.

Ваква одлука донесе Обвинителството од крајот на минатата работна недела. 

Зоран Јаневски