Македонија
23. May 2019 - 16:25

Јовески: Нема законски основи за ,,Ветинг‘‘ меѓу судиите и обвинителите

Можен ли е ветинг процес во македонскиот правосуден систем. Првиот човек на државното јавно обвинителство вели дека во фелата се почнати дискусии на оваа тема, но дека во моментов нема никакви законски основи за вакви проверки на обвинителите и судиите. Сепак според Јовески, судството мора да претрпи реформи за да се отстранат сите оние не се достојни за вршење на овие функции

Мој личен став е дека треба да се изнајде форма во обвинителството да останат обвинители кои се непристрасни, самостојни, независни, кои функцијата на обвинител ќе ја извршуваат согласно професијата и се лојални само на Уставот и законите на Република Северна Македонија, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Идеата за проверки на сите државни функционери меѓу кои и судиите и обвинителите пред два дена јавно ја промовираа од ДУИ. Партијата на Ахмети вели дека веќе подговорува и законски текст за ветинг за сите кои вршат јавна фукција. Ќе инсистираат на формирање на државна комисија која ќе треба да го проверува имотот на функционерите и начинот на кој го стекнале, но и дали имаат криминално или коруптивно минато.