Јовановски по поразот од Фатмир Дехари и ДУИ во Кичево: Жал ми е што немам авиони
Александар Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево, иако во првиот круг имаше најмногу гласови на локалните избори, во вториот загуби од актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, кој имаше огромна логистичка поддршка од ДУИ и изминатиот викенд се потпре на гласачи од странство кои допатуваа со автобуси и авионски летови.
„Граѓаните сакаат промени, сакаат да излеземе од ова сивило, овој хаос, но има луѓе кои не се свесни во кои услови живеееме. Сакаат да придонесат за кауза која не доликува на моментот, ние бракови склопуваме, се сакаме, се поддржуваме, нема простор за етнички коалиции. Искрено, мене ми е жал што немам авиони.
На градоначалникот посакувам досегашната пракса да ја претвори во работа, да не се натпреваруваме за исти теми по четири години“, рече Јовановски, најавувајќи дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Кичево по четири години.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени