-->
-->
Јовановски: Наш висок приоритет е центарци да дишат чист воздух- утврдивме повеќе проекти за тоа
-->
Наш висок приоритет е центарци да дишат чист воздух. Исклучително е важно да живееме во средина каде нашите деца ќе можат здраво да растат. Во нашата програма утврдивме повеќе проекти со чие континуирано реализирање ќе дојдеме до саканата цел- чист и здрав Центар, истакна Дејан Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе засадиме нови 30.000 садници, ќе ги реконструираме постоечките и ќе изградиме нови паркови, ќе ги реконструираме зелените површини и блоковското зеленило. По желба на граѓаните ќе ги реконструираме кровните површини на зградите и кулите на кои ќе ставиме и одржуваме ново зеленило, кое го нарекуваме зелена оаза на секоја зграда. Ќе поставиме еко билборд на најзагадените точки чија моќ е да апсорбира штетни честички од воздухот и има ефект на филтрирање како 275 дрвја, рече Јовановски и додаде:
„Ќе поставиме и мониторниг станици за да го следиме нивото на загаденост на воздухот. Исто така ќе поставиме контејнери за примарна селекција на отпадот и ќе воспоставиме рециклирачки центри, собирни пунктови каде ќе се складира селектираниот отпад. Најмалку 50 отсто од постоечките контејнери ќе бидат заменети со подземји. Ќе ја модернизираме и обновиме веќе застарената комунална механизација“.
Центар, потенцираше, е срцето на Скопје- Дајте ни можност да го направиме Центар зелен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.