Бизнис
1. March 2016 - 14:52

Јован Радосављевиќ, нов генерален директор на Пивара Скопје

Јован Радосављевиќ од денеска ја извршува функцијата генерален директор на Пивара Скопје на местото на Александар Ружевиќ, кој е унапреден на позицијата генерален директор на Кока-Кола ХБЦ за Србија и Црна Гора.

- Ќе настојувам Пивара Скопје да го продолжи трендот на раст, фокусирајќи се на градењето доверба со купувачите, зголемувајќи ја љубовта на потрошувачите кон нашите брендови и обезбедувајќи натамошен одржлив развој и вложувања во заедницата, изјави Радосављевиќ по стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Тој на оваа позиција доаѓа од местото комерцијален директор на Кока-Кола ХБЦ во Романија.

Радосављевиќ веднаш по дипломирањето на Економскиот факултет во Белград во 1998 година ја започнал својата кариера во Кока-Кола ХБЦ во Србија, каде за 14 години ги поминал сите скалила на професионален развој во комерцијалниот сектор на компанијата.