Тенис
24. January 2017 - 10:08

Јотовски запрен во последното коло од квалификациите

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира на главниот тунрир на фјучрсот во Вестон, САД откако во 4.то коло од квалификациите загуби од првиот носител Шпанецот Хауме Пла Малфието (545.место АТП листа). Јотовски мечот го загуби со 6:0 и 6:2 во сетови. Нашиот тенисер имаше проблем со сообраќајот (сообраќајна несреќа на други возила) при доаѓањето на тениските терени, што го попречи да се загрее, па буквално од автомобил излегол на терен.
Јотовски останува со шанса за настап на турнирот бидејќи е пријавен како „среќен губитник“. Јотовски сепак ќе игра на турнирот што е со награден фонд од 15.000 долари. Во конкуренција на двојки тој со Бразилецот Фабиано Де Паула ќе играат против тенисерите од Чиле, Бастиан Маља и Алехандро Табило.