-->
-->
Јотовски во второто коло на фјучрсот во Сокобања
-->
Македонски меч во второто коло ќе се игра утре на фјучрс турнирот во Сокобања. Најдобриот македонски тенсиер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло откако неговиот ривал Домагој Биљешко од Хрватска го предаде мечот при резултат во сетови од 1:1.
Јотовски лошо го почна мечот и го загуби првиот сет со 6-1 во гемови. Сепак во вториот сет откако го подобри вториот сервис успеа да го добие вториот сет до 6-4 во гемови, иако ривалот имаше водство од 4-3.
Мечевите се играат по жешко време .
Јотовски попладнево ќе игра уште еден меч против истиот тенисер, но во игра на двојки. Јотовски заедно со Александар Лазов од Бугарија се први носители и ќе играат против Биљешко и Шендрит Деари.
Инаку, утре во меч од 2.коло Јотовски ќе игра против Стефан Мицов, кој вчера го победи Данаил Тарпов со 2-0 во сетови. Ова значи дека Македонија ќе има сигурно четвртфиналист на овој фјучрс турнир во Сокобања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арсенал загуби два бода по „киксот“ на Џака
-
Арсенал загуби два бода по „киксот“ на Џака
-
Севилја се подалеку од врвот во Шпанија
-
Мицкоски: Сметот мора да се измете ама најпрво од сопствениот двор
-
Според индексот на Херитиџ, Македонија најдобра во регионот по степенот на економски слободи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Византиските игри на Заев не го спасуваат од пораз
-
Велчев: Во Бугарија по воведувањето на еврото нема да се зголемат цените
-
Германија: Демохристијански пратеници осомничени за земање мито при набавка на маски